Македонија
11. October 2021 - 9:58

Во Скопје казнети 197 возачи, еден од нив возел низ градот со 126 километри на час

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 29 санкции за возење без возачка дозвола, 14 за возење под дејство на алкохол, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. 

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум за возач почетник, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 32 мерки за непрописно паркирање. 

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.