Македонија
5. October 2016 - 16:23

Во Скопје формиран главен штаб на Балканските медицински наменски сили

Отворен главниот штаб на Балканските медицински наменски сили. Седиштето на овој уникатен регионален проект ќе биде сместено во Скопје, во касарната “Илинден”. Медицинските екипи ќе бројат 86 лица, а ќе бидат составени од припадници на армиите на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Бих и Словенија.

Целта на оваа мобилна единица, формирана со поддршка на САД и Норвешка, ќе биде навремено и ефикасно дејствување во случај на елементарни непогоди.

Воено-медицинските сили ќе почнат да работат под водство на Србија, а командата ќе ротира на секои две години. Министерот за одбрана на Србија Зоран Џорџевиќ очекува овој проект да им овозможи на земјите учеснички, што е можно поефикасно користење на своите капацитети во одржувањето на меѓународната безбедност.

Амбасадорот на Норвешка Арне Санес Бјорнстад, рече дека формирањето на овие сили кои ќе се користат за заеднички операции во рамки на ЕУ, е важен настан за иднината на регионот.

Претставникот од Пентагон Полковник Кевин Хил потенцираше дека оваа мултинационална единица ќе работи по НАТО стандардите.