Во Скопје 129 сообраќајни прекршоци, 31 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени 129 мерки, меѓу кои 31 за возење повеќе од дозволената брзина, шест за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и една за недавање првенство на минување пешаци.
Според МВР, изречени се и четири санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 46 санкции за непрописно паркирани возила и девет санкции за возачи на мотоцикли.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна