Свет
9. January 2017 - 8:54

Во Шведска лани регистрирани 100.000 кибер напади

Минатата година Шведска била на удар на 100.000 кибер напади од странство, објави националната разузнавачка агенција.

Според портпарол, „експлозивно е зголемен бројот на кибер напади врз државни институции во 2016 година“.

Околу 10.000 кибер напади во Шведска се регистрираат секој месец. Цел на нападите е да се украдат доверливи информации и шведски компјутери да се користат за напади врз други држави. Зад тие напади се организации со огромни ресурси и многу тешко е да се неутрализираат, нагласи портпаролот на шведското разузнавање.