Македонија
6. November 2015 - 17:23

Во Шуто Оризари трипати неделно ќе има гинеколог

Три пати неделно во Шутка ќе има гинеколог. Во ординацијата сместена во Здравствениот дом ќе доаѓаат лекар и сестра од гинекологија Чаир. Вакво времено решение за да им се излезе во пресрет на жените од Шуто Оризари донесе министерството за здравство. Во меѓувреме трае огласот за матичен гинеколог во општината. Предвидена е и дополнителна финансиска стимулација од 15.000 денари месечно за две годишен период.

-Овие предлог-мерки за обезбедување континуирана гинеколошка здравствена заштита произлегоа како резултат на заедничката средба со претставниците на Иницијативата на жени од општината Шуто Оризари, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Досегашните 5 огласи за редовен гинеколог во Шутка беа не успешни. Никој не сакал да работи во оваа општина.