Во штипската населба „Железничка“ асфалтирани улиците

Во штипската населба Железничка заврши асфалтирањето на улиците во должина од еден и пол километар. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев на денешното свечено пуштање во употреба на улиците истакна дека по 20 години во оваа населба се асфалтираа улиците, а наредната година предвидено е да се асфалтираат уште 300 метри улици, со што комплетно ќе биде завршена патната инфраструктура во населбата „Железничка“.
- Ние на граѓаните не им даваме празни ветувања, напротив ние им ги решаваме нивните проблеми и тоа на начин на кој тие тоа го бараат.Така да мислам дека оваа населба генерално е покриена со улици, сега остануваат ситни проекти кои што треба да ги направиме, вели Захариев.
Тој истакна дека во текот на наредниот период, штипското комунално претпријатие „Исар“ има обврска да ја обнови водоводната мрежа на одредени улици и да се изгради дел од канализационата мрежа во населбата Железничка.
Претседателот на Советот на Општина Штип, Влатко Миташе вели дека изградбата на улиците во населбата Железничка е уште еден пример за остварување на одлуките кои ги донесуваат како советници.
- Уште една прилика и да ветиме дека и во иднина дека барањата кои што ќе бидат доставени од жителите на населбата Железничка ќе бидат позитивно разгледани од Советот, но и реализирани, вели Миташев.
Жителите на населбата Железничка велат дека се задоволни што и нивните улици се асфалтирани.
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
