Во Штип одбележани 78-години од бомбардирањето на градот
Во Штип денеска беа одбележани 78 години од бомбардирањето на градот. Со евоцирање спомени, положување цвеќе на споменикот на жртвите од бомбардирањето на Штип во 1941 година и пригоден говор, денеска членовите на Општинската организација на Сојузот на борци, претставници на локалната власт и на државни институции го одбележаа настанот.
Пред споменикот говореа претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци – Штип Петар Мицевски и градоначалникот на Штип Благој Бочварски.
– Многу е важно денеска да ја испратиме пораката – ова зло никогаш да не ни се повтори. Но, многу е важно да бидеме единствени во нашите напори и чекорења кон просперитетот, кон достигнување на европските и демократски вредности, рече Бочварски.
Под мотото „Никогаш да не се повтори“, денеска во Штип се одржа и традиционалната 43-та средба на цивилните инвалиди од војната на Македонија
– Секоја година 6 Април, цивилните инвалиди од војната го одбележуваат овој ден. Ние сме лица кои за целиот живот ги носиме врз себе последиците од војната. Нашата порака е никогаш вакво зло на луѓето да не им се случи. Мир да има засекогаш, рече Ѓорги Боризовски, претседател на ОО ЦИ од НОБ.
Во штипската организација на цивилните инвалиди од војната членуваат 60 лица, а на државно ниво бројката е 600 членови.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација