Македонија
7. September 2016 - 13:44

Во Штип одбележани 70 години учителско образование на македонски јазик

Здружението на  учители денеска во Штип одбележа 70 години учителско образование на македонски јазик. Професорката Невена Милева во првата Учителска школа „Гоце Делчев“ во Штип, вели дека учителската школа на земјава и даде над 1.600 учители, кои по завршувањето на своето обраозвание беа распоредени во сите градови и села во Македонија.

- Имаме славни генерации, ќе потсетам на еден мој поранешен ученик од Учителската школа Гале Галев кој беше министер за образование. Многу од нив станаа и доктори на науки, станаа и членови на МАНУ. Така да некои од нив го продолжија образованието на високите школи, вели Милева.

Иван Станоев, ученик на првата генерација на Учителската школа „Гоце Делчев“-Штип, вели дека е формирана во септември 1946 година, а по завршувањето на Учителската школа бил испратен да ги учи децата од струмичкото село Колешино.

- Јас и моите преживеани петмина ученици од првата Учителска школа во земјава чуствуваме посебно задоволство и гордост што сме биле членови на едно новороденче кое доби име Учителска школа „Гоце Делчев“, вели Станоев.

На јубилејниот учителски собир во Штип присуствуваа и универзитетските професори на Педагошките факултети и на Факултетите за образовани науки, кои забележаа дека токму Учителската школа во Штип е првата образовна институција на македонски литературен јазик во земјава, во која се удицирале учителите кои им давале знаење на низа генерации.

###