Свет
23. January 2017 - 11:10

Во Северна Кореја се градат девет нови воени аеродроми

Девет нови воени аеродроми се градат активно во Северна Кореја, изјави денеска извор од Министерството за одбрана во Сеул, јави ТАСС.

На брзите патишта, кои водат од Пјонгјанг кон планините Маохјансан и градот Кесон се градат речиси девет писти за полетување и слетување, како и 14 објекти поврзани со авиони ловци. 

Според изворот од Министерсвото во јули и септември минатата година од различни делови на тие брзи патишта Северна Кореја истрелала шест балистички ракети.