Свет
20. November 2015 - 12:51

Во САД живеат над половина милион бездомници

Околу 565 илјади лица, од кои една четвртина деца, оваа година биле без дом, покажува извештајот на американското Министерство за градежништво и урбанизам. 

Во извештајот се нагласува дека бројот на бездомниците е мошне малку намален во однос на 2014 година. 

Во многу американски градови економската обнова е бавна поради ниските плати на луѓето со најмали примања, кои или се замрзнати или се намалуваат, како и поради буџетските ограничувања во социјалните програми. 

Лос Анџелес, Сиетл, Портланд, Орегон и Хаваи неодамна прогласија вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на бездомниците.