Свет
25. April 2019 - 11:36

Во САД регистриран најголем број заразени од сипаници од 2000 година

САД потврдија 695 случаи на сипаници оваа година, што е највисок број откако земјата во 2000 година објави дека го искоренија вирусот на таа заразна болест, објави Центарот за контрола и превенција на болести на САД.

Повторните епидемии, за кои здравствените работници делумно го обвинуваат ширењето на лажни информации за опасностите од вакцини, најмногу влијаеле на Њујорк и на државата Вашингтон, каде што од крајот на минатата година се регистрирани повеќето случаи на заболени.

– Колку подолго оваа епидемија трае, толку е поголема шансата сипаниците постојано ќе се вратат во САД, предупреди Центарот за контрола болести.

Бројот на случаи на лица заразени со сипаници сега изнесува повеќе од 667, колку што имаше во цела 2014 година, што досега беше највисока годишна бројка на заболени од искоренувањето на болеста во 2000 година.

Случаи на мали сипаници оваа година се регистрирани во 22 од 50 американски држави.