Loading Video...
Свет
7. јуни 2020 - 19:36

Во САД одржани најмасовните протести за Џорџ Флојд

Покрај протестот во Вашингтон масовни собири имаше во речиси сите поголеми градови во САД.

Американските медиуми јавуваат дека станува збор за најголемите протести во земјата.

За убиството на Џорџ Флојд полицијата уапси четворица свои колеги. Американскиот Претседател Трамп, на Твитер напишал дека очекувал поголема масовност, заблагодарувајќи им се на националната гарда и тајната служба за како што вели, одлично завршената работа. 

Британскиот премиер Борис Џонсон побара од  министрите во неговата Влада што е можно поскоро да ги укинат мерките за изолација за да се спречи околу 3,5 милиони луѓе да ги загубат своите работните места. Барањето на Џонсон доаѓа по воведување на новите мерки за зајакнување на економијата оваа недела.

Велика Британија со 40.465 смртни случаи е на второ место во светот а досега нешто помалку од 300.000 луѓе  се регистрирани како заразени. 

Косовската влада на денешната седница донесе одлука со која целосно ја отвори границата со Албанија. Одлуката стапува на сила од полноќ а граѓаните кои ќе се движат меѓу двете земји нема да бидат задолжени да одат во самоизолација. Истовремено, се укинува и забраната за транспорт на стоки во периодот од 21 до 5 часот и сега, границата ќе биде отворена 24 часа. 

Косовската Влада на ваква одлука се решила поради како што велат, стабилната здравствена состојба во земјата и слабиот раст на ново дијагностицирани случаи