Свет
15. July 2017 - 11:33

Во САД одобрија формирање Вселенски корпус

Американскиот Претставнички дом одобри формирање нов род војска, наречен Вселенски корпус со цел – операции во вонземско пространство.

Чекорот е пресретнат со големи резерви во администрацијата на претседателот Доналд Трамп според кои се зголемува воената бирократија.

Американската армија вклучува во моментот копнени, ВМС и ВВС, како и експедициски корпус маринци.

Поддржувачи тврдат дека зависноста од сателити бара формирање таков род војски која ќе ги заштитува и контролира. Малку е веројатно новиот род во армијата да се формира итно бидејќи сенатската верзија на нацрт-законот не предвидува таков чекор.