Во САД одобрен најскапиот лек во светот по цена од 3.5 милиони долари по третман
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри новиот лек против хемофилија „Хемгеникс“.
Производителот „ЦЛС Бехринг“ (CLS Behring) одреди цена од 3,5 милиони долари по третман, со што овој лек е најскап во светот.
„Хемгеникс“ е генетска терапија која се користи за лекување на возрасни со хемофилија Б, генетско нарушување на коагулацијата што се манифестира со зголемен волумен на крварење или спонтано крварење.
Од хемофилија заболува едно лице од 40.000 луѓе, а болеста почесто е регистрирана кај мажите.
Класичниот третман вклучува рутинска интравенозна инфузија за одржување на доволно нивоа на исчезнатиот фактор на коагулација, но новата терапија се претставува како еднократна интравенозна инфузија.
Досега во САД најскап лек беше „Золгенсма“, одобрен од ФДА во 2019 година за третман на спинална мускулна атрофија и чини 2,1 милиони долари по третман.
Ново на Сител
-
Квалификации за ЕП: Стартна победа против Малта
-
Принцот Хари може да ја загуби американската виза
-
Неуспешен лет на првата 3-Д печатена ракета во светот
-
Во изминатото деноноќие произведени 13.795 мегават часови електрична енергија
-
УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник
-
Санкционирани 178 возачи во Скопје, од нив 49 за брзо возење
-
Вработените во Министерството за култура денеска излегуваат на протест
-
Украински командант најави контраофанзива