Свет
13. May 2020 - 11:39

Во Русија повторно над 10.000 заразени со коронавирусот за еден ден

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 10.028 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 242.227.

Руските здравствени власти соопштија дека од вкупниот број нови пациенти, 4.461, или 44,5 проценти, немаат никакви симптоми.

Русија од вчера е на второ место во светот по бројот на заразени со коронавирусот, после САД.