Свет
19. November 2020 - 11:03

Во Русија повеќе од два милиони заболени oд коронавирус

Бројот на заболени од коронавирус во Русија надмина два милиони, а од Ковид-19 починаа 463 лица, додека заболени има 23.610.

Ова е најголем број на смртни случаи од почетокот на пандемијата, а вкупно починаа 34.850 лица, соопшти денеска кризниот штаб, објави ТАСС.

Според изворите на кризниот штаб, сегашната смртност од коронавирус останала на 1,73 проценти, а последната може да се утврди кога ќе заврши пандемијата.