Балкан
30. March 2020 - 17:04

Во Романија заразени 285 медицински работници

Во Романија, 285 медицински работници се заразени со новиот коронавирус, јавија локални медиуми.

Според извештајот на романското Министерство за здравство, меѓу заразените се 91 лекар, 90 медицински техничари, 26 болничари, осум негователи и 70 лица од помошен персонал.

Главниот град Букурешт бележи најголем број заразени медицински работници.