Во Пробиштип наредната година ќе стартува проектот Дом за стари лица
Едното крило на Здравствениот дом во Пробиштип кое со децении не се користи ќе се адаптира во Дом за стари лица, а ќе има капацитет за 54 лица.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека овој проект, кој е дел од неговата Програма е влезен во Програмата на Министерството за труд и социјална политика за наредните две години. Според проценките во проектот, комплетната реконструкција и опремување на Домот ќе чинат околу 55 милиони денари.
– Овој простор кој е оставен на забот на времето ќе го ставиме во функција и ќе го преадаптираме. Станува збор за простор од 2.000 метри квадратни, со капацитет за 54 легла, со можност тоа да прерасне во Дом за стари лица по највиски стандарди, вели Анастасов.
Проектот за Домот за стари лица е изготвен со помош на донација, а Анастасов очекува тендерските постапки за преадпатацијата на овој дом да стартуваат наскоро.
– Клучна работа за Општина Пробиштип е тој Дом за стари лица да биде државен, во ингеренции на Министерството за труд и социјална политика за да можат граѓаните на Општина Пробиштип да имаат поевтина партиципација, рече Анастасов.
Забележува дека досегашните анализи, но и барања на граѓаните покажуваат оти голема е потребата од отворање на еден ваков дом во Општина Пробиштип. За разлика од оваа рударска општина, штипското Здружение на пензионери го чека новиот Закон за легализација на дивоградби. Во моментов инвестирани се над 600.000 евра во изградбата на објектот, но поради статусот кој го има не може да продолжи неговата изградба, ниту пак да се бара помош од државата. Неколку години објектот во Штип е во фаза на карабин, а овој дом треба да обезбеди сместување на над 90 лица.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право