Македонија
31. October 2021 - 14:28

Во Пробиштип до 13 часот излезноста 38,6 проценти

Во Општина Пробиштип до 13 часот гласале 4 839 граѓани или во проценти 38,6 отсто. Во Пробиштип надминати се сите технички проблеми со апаратите за отпечаток од прст, изјави претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Јорданчо Димитриевски.

-На поголемите избирачки места, гласањето се одвива без задржување на гласачите и во споредба со првиот изборен круг, денеска имаме побрзо гласање и надминати проблеми со апаратите, вели Димитриевски.

Во Општина Пробиштип со право на глас се 12 545 граѓани, а за избор на градоначалник на општината  се гласа на 46 избирачки места.