Македонија
17. October 2016 - 19:19

Во прилепското село Канатларци отворена Детска градинка

Дваесетина предшколски деца од најголемото прилепско село Канатларци, од денеска ке бидат згрижени во новата детска градинка, која, просторно е дел од ОУ “Кирил и Методиј”, а која во употреба ја предаде заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
 
Ова е трета детска градинка која за еден месец се отвора во општина Прилеп, а втора во населено место. Инвестицијата е вредна еден милион денари. 
 
Заменик министерот Спасов, претходно присуствуваше и на почетокот на градежните работи за реконструкција и адаптација на простор  во кој ке биде сместен нов Дневен центар за пензионери во прилепската населба Варош.  
 
Ова е петти Дневен центар за повозрасната категорија граѓани од Прилеп, а додека во општините: Прилеп, Долнени и Кривогаштани, Здружението на пензионери во соработка со локалните самоуправи,  досега има обезбедено  вкупно 10 локални пензионерски клубови.