Македонија
29. December 2016 - 14:04

Во Прилеп 294 лица заболени од грип

Од почетокот на сезоната,  средината на ноември, до денеска во Прилеп се регистрирани 294 лица заболени од грип, што е за 100-ина повеќе од истиот период лани, информира епидемиологот Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје во Прилеп.
 
Периодот на грипот годинава, укажа, е порано за три до четири недели.
 
- Само минатата недела имаше 81 заболен. Засега нема хоспитализирано лице поради последици од грипот. Ова е среден интензитет на грипот, зашто сезоната допрва доаѓа, посочи Станимировиќ.
 
Според препораките, утре попладне и в сабота ќе се врши вонредна дезинфекција во градинките, а за распустот во училиштата.
 
- Со вонредната дезинфекција утре попладне и в сабота ќе бидат опфатени сите градинки во прилепскиот регион, а во текот на распустот и училиштата. Во јавните здравствени установи, пак, како болниците, дезинфекција ќе се врши на две недели. Препораките се да се намали дружењето, да се конзумираат течности и витамини и повеќе да се внимава, вели Станимировиќ.