Свет
22. March 2017 - 17:16

Во престрелка пред британскиот Парламент повредени најмалку 10 лица

Најмалку десет лица се повредени денеска при престрела пред британскиот Парламент. 

Еден британски полицаец е нападнат со нож, а напаѓачот е ликвидиран. 

Зградата на Парламентот во Лондон е блокирана од страна на полицијата. 

На повредените лица им е укажана лекарска помош.