Свет
27. May 2020 - 21:32

Во пожар во болница во Дака, настрадаа петмина заболени од Ковид-19

Најмалку пет пациенти кои се лекувале од Ковид-19 настрадаа во пожар што изби во болницата во Дака, главниот град на Бангладеш.

Пет тела се извадени од импровизираната единица за изолација на болницата „Јунајтед“, во која се лечеле заразени од корона вирус, пренесе Ројтерс.

За сега не е познато што е причина за пожарот, а во меѓувреме е ставен под контрола.