Балкан
26. May 2022 - 16:44

Во пожар во Атина изгореа кутии со хуманитарна помош за Украина

Во пожар, што од засега непознати причини изби во надворешниот дел на спортска сала во Атина, целосно се уништени кутии со облека и покривки, дел од хуманитарна помош наменета за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот, што е ставен под контрола, интервенирале десет пожарникари со три возила.