Македонија
9. December 2020 - 20:12

Во пожар изгоре работилница за дрвени предмети со магацин во кавадаречко Марена

Изгоре работилница за дрвени предмети со магацин во пожар вечерва во кавадаречкото село Марена. Оваа информација за МИА ја потврди Митко Камчев, претседател на месната заедница.

-Причинета е материјална штета. На лице место интервенираа кавадаречките пожарникари и спречија огнот да се прошири на куќата за живеење,  која е само на неколку метри, рече Камчев.

Тој нагласи дека пожарникарите спречиле поголеми штети.