Свет
9. July 2017 - 11:35

Во поплавите во Јапонија загинаа 18 лица, а 27 се водат како исчезнати

Најмалку 18 лица загинаа, а 27 се водат како исчезнати во поплавите кои го погодија јужниот дел на Јапонија. 

Спасувачките екипи продолжуваат да ги бараат исчезнатите лица, соопштија локалните претставници. 

Островот Кјушу е опустошен откако реките се излија од коритата, а огромната количина вода однесе делови од патиштата. 

Локалната полиција наведе дека, пет лица се во критична состојба. 

Илјадници лица се евакуирани и сместени во привремени живеалишта, но голем број лица се уште се заробени во нивните домови. 

Повеќе од 500 лица се отцепени од светот, а разрушените мостови и водата ја отежнуваат работата на спасувачите.