Свет
18. July 2021 - 8:28

Во поплавите во Германија загинаа најмалку 156 луѓе

Бројот на загинати во поплавите во  Германија се искачи на 156. Само во една област на Ахрвејлер (Рајнска област-Пфалц), загинаа 110 луѓе.

Најмалку 45 лица загинаа во Северна Рајна-Вестфалија, а една жртва е регистрирана во провинцијата Берхтесгаденер-Ланд (Баварија).

Се стравува дека бројот на жртви е многу поголем, бидејќи голем број луѓе се водат како исчезнати.

Југозападниот дел на Германија од понеделникот е погоден од обилни дождови, што предизвикаа излевање на притоките на Рајна и на Мосел, како и на малите реки Зауер, Прум, Нимс, Кил и Ерфт.

Поради поплавите е прогласена вонредна состојба во југоисточниот дел на Баварија во регионот Берхтесгаденер-Ленд. Ситуацијата е тензична и во источниот дел на германската сојузна држава Саксонија.