Свет
24. October 2019 - 8:58

Во поплавите во Египет загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку четири деца и четворица возрасни загинаа во вчерашните поплави што го погодија главниот град на Египет, Каиро.

Поради надојдената вода не работеа училиштата и универзитетите, а голем дел фирми делумно работаат. Обилните дождови поплавија голем број патишта, поради што беше нарушен и сообраќајот.

Од поплавите најмногу погодени се источните предградија на Каиро, Наср Сити и Хелиополис, кои се лоцирани во близина на меѓународниот аеродром.