Дводневните обилни врнежи од дожд во југоисточен Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинаа најмалку 30 лица, соопштија денеска властите во земјата.

Според официјалните лица за цивилна заштита, 17 лица се пријавени за исчезнати, додека 2.600 луѓе биле евакуирани од нивните домови во бразилската држава Минас Жeраис.

Во Бело Хоризонте, главниот град на таа држава, за 24 часа наврна најголемо количество дожд досега евидентирано.

Гувернерот на таа држава Ромеу Зема утре ќе ги посети погодените области за да ја процени штетата.