Свет
15. April 2017 - 11:44

Во поплави во Иран загинаа 17 лица, а 20 се водат како исчезнати

Во поплавите предизвикани од поројни дождови во Иран загинаа 17 лица, а 20 се водат како исчезнати. 

Како што објави иранската државна телевизија, 17 луѓе загинаа во поплавите во градовите Ајабшир и Азаршар, во северозападниот дел од земјата.

Екипи на Црвената полумесечина, полицијата, војската и здравствени работници од раните утрински часови му помагаат на загрозеното население.