Loading Video...
Ракомет
15. December 2020 - 14:39

Во понеделник стартува СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер домаќин на Металопластика

По  долго исчекување и бројни одложувања конечно во понеделник ќе започне и регионалната ракометна СЕХА лига во која Македонија треба да биде претставувана од два тима.
 
 Со два натпревари закажани за во понеделник ќе започне јубилејното 10-то издание на СЕХА лигата. 
 
Иако, поради проблемите на Ковид-19 пандемијата, имаше бројни одложувања и стартот на сезоната беше загрозен, раководството на лигата конечно реши да го започне натпреварувањето.
 
Сезоната ќе биде отворена со хрватско-српската пресметка во која ена Нексе Нашице ќе ја пречека Војводина во мечот закажан за 17 декември со почеток од 17 часот. 
 
Само 45 минути подоцна односно од 17:45 во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, нашиот прв претставник Еурофарм Пелистер ќе го одигра својот премиерен меч во новата сезона. Битолските „фармацевти“ ќе бидат домаќини на некогашниот европски првак Металопластика. 
 
Покрај српскиот тим Еурофарм Пелистер за противници во групата треба да ги има и Татран Прешов и ППД Загреб. 
 
Вардарци пак ќе бидат во групата со Нексе, Војводина и Мотор Запорожје, но засега не е објавено кога црвено-црните би го играле првиот меч, а воедно сеуште нема и официјална потврда на комплетниот распоред и календар, според крој би требало да се играат натпреварите во оваа јубилејна сезона на СЕХА лигата.