-->
-->
Во понеделник РК Вардар ја стартува продажбата на сезонски билети за Лигата на шампионите
-->
Во понеделник (31.08.2015) почнува продажбата на привилегирани сезонски билети за новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите.
Продажбата на привилегираните билети ќе се врши од понеделник (31 август) до среда (2 септември) во периодот од 10 до 18 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ за сите кои изминатата сезона купиле сезонски билет, додека од четврток (03.09.2015) почнува регуларната продажба на сезони билети за натпреварите на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.
При привилегираната продажба секој што поседувал сезонски билет од измината сезона со приложување на истиот ќе има право да купи сезонски билет за новата сезона пред останатите фанови на Вардар. Привилегираната продажба не значи купување на истите седишта од изминатата сезона.
Регуларната продажба на сезонски билети ќе започне во четврток (03.09.2015) и ќе трае до недела (06.09.2015) во периодот од 10 до 18 часот исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“.
Во продажба ќе бидат пуштени билети од две различни категории по следните цени:
- Стоење - 800 денари
- Трибина - 2500 денари
Сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите пред домашна публика Вардар ќе одигра седум натпревари, против Монпелје, Барселона, Рајн Некар, ПИК Сегед, Кристијанштад, Кјелце и КИФ Колдинг.
Дополнителни информации за продажбата на билети може да се добијат и на телефонскиот број + 389 (2) 2 40 19 80, како и на www.ticketplus.mk и www.rkvardar.com.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање