Македонија
9. December 2016 - 17:37

Во понеделник без вода Драчево, Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково

Корисниците од населбата Драчево и селата Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково во понеделник (12 декември) ќе останат без вода за пиење. 

Регионалниот центар за справување со кризи на Град Скопје информира дека граѓаните од овие населени места ќе бидат без водоснабдување до санирање на уличниот дефект од Ф-600 мм на улицата „Борис Трајковски“ бб, пред мостот Драчево.