Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2021 - 17:12

Во полн состав и одлична атмосвера одработен денешниот тренинг

Во полн состав и одлична атмосвера, македонските фудбалери го одработија денешниот тренинг. Оние кои вчера беа поштедени, а кои го понесоа товарот во дуелот против Австрија, денеска им се приклучија на останатите од тимот,  со едиснтвена цел,  што е можно подобро подготвени да го дочекаат и одиграат следниот дуел против Украина. 
 
Атмосферата во црвено-жолтиот табор е на високо ниво, а секој од фудбалерите кои ќе добијат шанса да настапат на натпреварот сигурно ќе дадат и повеќе од своите можности, вели најмладиот во репрезентацијата Дарко Чурлинов.   
 
„Атмосферата е одлична. Нормално е да има еуфорија. Јас верувам во моите квалитети и подготвен сум да ѝ помогнам на екипата. Дали ќе добијам шанса не зависи од мене. Горд сум дека сум најмлад дебитант во историјата на Македонија. Не е важно кој ќе даде гол, важно е да победиме. Секој би сакал да постигне гол на Европско првенство, ако тоа треба да сум јас, ќе го направам тоа. Секој натпревар е тежок. Треба да влеземе 100% фокусирани во мечот. Да бидеме на ниво како на минатите натпревари. Против Австрија не одигравме добро во последните 20 минути. Треба да веруваме во себе и да ја играме нашата игра“, изјави Чурлинов.
 
Искусниот Алијоски смета дека во меѓувреме ќе бидат корегирани дел од грешките од дуелот со Австрија, па мечот против Украина тој го најавува како финале за Македонија. ТОНСКИ
 
Имаме време за да се опоравимe. Ништо не е готово. Се подготвуваме за Украина. Ги анализираме, знаеме што направивме на првиот натпревар. Ги знаеме грешките, натпреварот со Украина ќе биде финале. Со победа имаме големи шанси да ја поминеме групата. Мора да бидеме Македонија, да ја играме нашата игра, потенцира Алијоски. 
 
Во меѓувреме нашиот следен противник, кој пред два дена играше во Амстердам против Холандија, денеска пристигна во Букурешт, каде во четврток од 15 часот ќе се игра дуелот од 2.коло во Ц групата.