Македонија
6. October 2019 - 13:19

Во Пехчево се реализира проектот ,,Младите и природата-партнери за иднината”

Во пехчевскиот Едукативен центар за зачувување на природата во село Негрево, денес се одржа работилница за биодиверзитет, наменета за млади од 11-15 години. Активноста е дел од проектот ,,Младите и природата-партнери за иднината, кој со поддршка на Мрежата за рурален развој на РСМ, го релизираат здруженијата ,,Амброзија” и ,,Солза”.
 
-Во рамки на настанот, учесниците најпрвин собираа примероци од растителниот жив свет, што може да се сретне, во овој дел од Брегалничкиот регион. На работилницата извршија селекција и детерминација на собраните примероци, а беше организиран и краток квиз, за нивните познавања од оваа област, рече Јасминка Пашалиска Андоновска од здружението Амброзија.
 
Работилницата, како што додаде, е во соработка со Едукативниот центар за зачувување на природата и Еко одборот на деветолетката “Ванчо Китанов” од Пехчево.
 
Предходно, во рамки на овие активности, како што додадоа организаторите, беше реализирана едукативна екскурзија по ,,Патеката на Петко и шумските жители-Пехчевска авантура”, до локалитетот Јудови Ливади.