Во Пехчево протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“
Поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва на протестен марш во Пехчево побараа претседателот на СДСМ Зоран Заев да се откаже, како што рекоа, од т.н „тиранска платформа“ и создавање „тиранска влада“.
Протестниот марш кој се одвиваше во мирна атамосфера низ улици во центарот на Пехчево, заврши на градскиот плоштад каде пред присутните се обрати Елица Јовевска, која истакна дека т.н. тиранска платформа директно го крши македонскиот Устав, ги загрозува правата на македонскиот народ.
- Оваа платформа сите знаеме дека не беше дел од изборниот процес, туку беше направена по него. Затоа треба да се осуди, затоа што не представува само опасност за Македонија туку ја загрозува и безбедноста во светот. Зоран Заев јавно треба да се откаже од тиранската платформа и од намерата да формира тиранска влада. Нека се запраша само една работа, па може ќе му станат појасни некои работи, заради тоа ли го гласаше народот, заради тоа ли му даде подршка, да го излаже и продаде сопствениот народ само за да дојде на власт. Им се додворува на политичарите од албанскиот блок, само за да седне на премиерската фотелја, потенцираше Јовевска.
Пред присутните се обрати и Сафет Дестанов кој нагалси дека Ромите не ја поддржуваат платформата и порача дека единствено решение од политичката криза се предвремени избори.
Портестен марш попладнево се одржа и во Делчево, Берово и Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор