Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени на време
Во најзападниот дел на државава, општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме и гласањето за вториот круг за избор на претседател на државава почна и се одвива непречено.
– Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во Општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 18. 574 граѓани. Вчера своето граѓанско право го остварија 33 болни и изнемоштени лица, изјави Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.
И во Општина Центар Жупа гласачките кутии се отворени точно во 7 часот.
-Се гласа на 16 избрачки места, шест се во Центар Жупа, додека другите во селските населените места. Изборниот процес се одвива нормално. Вчера правото на глас го искористија три болни и изнемоштени лице, изјави Еран Зубер претседател на Општинската изборна комисија за оваа општина.
На 21 април во Општина Дебар, во која се спроведоа и предвремени избори за градоначалник, правото на глас го искористија 44 отсто, додека во Центар Жрупа над 15 отсто од вкупниот број гласачи
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација