Македонија
30. September 2018 - 8:38

Во општина Врапчиште гласањето почна без проблеми

Во полошката општина Врапчиште гласањето утрово почна без доцнење.

На територијата на општина Врапчиште има 25.454 граѓани со право на глас и ќе гласаат на 39 избирачки места.

Во текот на вчерашниот ден, девет затвореници имаа можност да го дадат нивниот глас.

Од ОИК потврдија дека процесот за изјаснување почнал во 7 часот.