Македонија
20. јуни 2017 - 15:03

Во општина Ранковце утре ќе се врши дезинскција

Во текот на утрешниот ден ќе почне дезинсекцијата на територијата на општина Ранковце.

Според информациите од општината и Центарот за јавно здравје-Куманово, утре во вечерните часови, почнувајќи од 23 часот до исполнување на задачите, односно до раните утрински часови во четврток ќе се изврши првата фаза од терестичката дезинсекција на подрачјето на општина Ранковце.

Оттаму потсетуваат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги преземат потребните заштитни мерки за пчелните семјства, затворање на кутиите со доволно вода за пиење на пчелите, како и да не ги отвораат пчелните сандаци најмалку три до четири часа по третирањето на даденото подрачје.