Во општина Карпош засадени 60 дрвја
Есенската акција за садење 615 дрвја на јавните површини на повеќе локации низ Скопје, денеска се одвиваше во општината Карпош.
- Акцијата за раззеленување на Скопје продолжува. Во неа досега се засадени двесте садници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и во Чаир. Денеска продолжуваме со садење 60 дрвја во новиот парк спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Карпош. Со есенската акција предвидени се да се засадат 615 нови садници, јавор, каталпа, липа, даб и јасен, истакна претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева.
Градските власти планираат на пролет да ја продолжат акцијата за раззеленување на Скопје и да засадат уште 4.000 садници на точно утврдени локации, онаму каде во изминатиов период биле исечени или воопшто немало засадено нови дрвца.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители