Македонија
19. January 2016 - 15:55

Во општина Гази Баба се одржа осмата „Пивтијада“

По повод верскиот празник Богојавление-Водици, денеска на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба се одржа осмата „Пивтијада“. 

На манифестацијата учествуваа жените од урбаните и месните заедници, организацијата на жени на Гази Баба, Здружението на пензионери и неколку ресторани од подрачјето на општината, кои ги подготвуваа пивтиите.

Оваа манифестација има хуманитарен карактер и средствата собрани 
од продажбата на пивтиите се наменети за потребите на Клиниката за детски болести во Скопје.

„Пивтијадата“ има и натпреварувачки карактер, а се наградуваа најубаво декорирани пивтии во две категории: аматери и професионалци. 

Во категоријата аматери, награди добија Стојна Трајановска, Надежда Кирковска и Катерина Петреска. Во категоријата професионалци наградата ја доби ресторанот „Дојрана“.

Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, а настапија Лајв Бенд, Тања и Владимир, Антониа Гиговска, Кристијан Тасевски и Валентина Димитриевска.