Во опасна акција, новозеландската војска извлече шест жртви на вулканска ерупција
Членови на војската на Нов Зеланд, опремени со заштитни маски и специјални одела, извлекоа шест тела од вулканскиот Бел остров каде претходно неделава се случи ерупција, а лекарите и натаму се борат за животите на тешко повредените лица, кои се здобија со изгореници.
Операцијата беше посебно ризична поради непосредната опасност од нова ерупција. Властите под притисок на семејствата на жртвите се согласија да ја изведат операцијата, иако опасноста од нова ерупција во следните 24 часа беше проценета на 50 до 60 отсто.
„Телата на жртвите се извлечени со хеликоптери, во кои имаше осуммина елитни припадници на новозеландската војска“, соопшти полицијата. Шест од осум тела се извлечени од островот и префрлени на морнарички патролен брод, со кој ќе бидат транспортирани на копно, каде ќе се изврши идентификација.
При ерупција на вулкан во понеделникот загинаа најмалку 16 лица, кои престојувале на туристичкиот Бел остров. Повеќето од 29-те преживеани се сè уште во болница, од кои 22 на Нов Зеланд и седум во Австралија.
Во моментот на ерупција на островот имало 47 туристи и водичи од Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација