Бизнис
25. December 2015 - 12:29

Во октомври 62,1 отсто од потрошената струја од домашни извори

Македонија во октомври годинава вкупно потрошила 642.279 мегават часови електрична енергија, 9.629 милиони нормални метри кубни природен гас, 433.055 тони јаглен и 90.171 тон нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 62,1 отсто од вкупно потрошената екелектрична енергија е од домашни извори, а 94,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на струја.