Во Охрид протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Движењето „За заедничка Македонија“ и вечерва протестираше во Охрид. Протестот и овој пат почна од плоштадот спроти охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот “Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад.
- Тука сме 44 дена и нема да запреме, се со една порака – Отфрлете ја тиранската платформа бидејќи нашата татковина Република Македонија ни е аманет од нашите предци. Суверена и унитарна Македонија. Ние имаме обврска како таква да им ја оставиме на нашите поколенија. Ние младите сакаме да живееме во заедничка Македонија, нема да дозволиме двојачичност и редефинирање на целата територија, порача во име на протестантите студентката Марија Трајковска.
Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација