Свет
11. јуни 2021 - 10:45

Во Нов Јужен Велс и Викторија рекордно ниски температури

Во австралиските држави Нов Јужен Велс и Викторија, регистрирани се исклучително ниски температури, рекордни за изминатите неколку децении.

Снег падна во делови од тие држави, а Сиднеј го регистрира најстудениот ден од 1984 година, јави Би-Би-Си.
 
Ниските температури се последица на студениот бран воздух што доаѓа од Антарктикот.