Македонија
1. April 2019 - 11:55

Во Неготино тепачка помеѓу двајца 19 годишници

Физичка пресметка помеѓу двајца 19 годишници се случила синоќа  во 19.30 часот во Неготино. Според пријавата во неготинската полиција, јавниот ред и мир бил нарушен на улицата   „Mаршал Тито”, кога физички се пресметале  К.Л.(19) и У.М.(19).

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски вели дека по целосно документирање на случајот, против двајцата неготинци ќе биде поднесена соодветна пријава.