Во Неготино протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа протестен марш во Неготино.
Пред присутните се обрати Александар Гичовски, професор по македонски јазик и литература во СОУ „Св.Кирил и Методиј”.
- Дали на дневен ред кај политичарите во Македонија треба да бидат прашања од типот македонски јазик, македонски народ, химна, светото име Македонија. Се разбира дека не, рече Гичовски.
Кога се работи за македонскиот јазик, писмо, химна, посочи, нема потреба од никакви дискусии и дебати.
- Македонскиот јазикот бил, е, и ќе биде. Многу маки, страдања, многу војни истрпил овој наш напатен народ македонски. Но, никој не успеал да го уништи нашиот јазик, никој не успеал да го сотре нашето битие Македонско, потенцира Гичовски.
Нагласи дека со јазикот и со Македонија нема пазарење.
- Да се обединиме Македонците и да направиме наша, заедничка македонска платформа од којашто нема да отстапиме. Да не дозволиме да не опфати синдромот на самоуништување. Македонија е на секој жител на оваа земја што ја сака, почитува, ги цени вредностите кои нашата земја ги поседува, а добро знаеме од историјата како се добиени. Ги сакаме, почитуваме и цениме сите Македонци без разлика на различностите. Мојата Македонија е пример за цел свет како да се живее во едно мултикултурно општество заедно. Нека учи од нас цел свет како е да се живее едни со други, а не едни покрај други, рече Гичовски.
На нас останува, истакна, на демократски начин да си го сочуваме светото, да си го сочуваме јазикот, традицијата, обичаите.
-Неприфатливо е да се коваат планови за разнебитување на македонската држава, јазик и се што е македонско од страна на туѓа држава. Неприфатливо е почитувани мои да се негира она за што се бореа нашите претци, Илинденците, борците од НОБ. Неприфатливо е да се прават платформи во туѓи држави. Што ќе ни остане од Македонија ако надвор од Македонија, во било која земја се кројат планови за Македонија, рече Гичовски.
Според него, секој што размислува свесно и разумно никогаш нема да се согласи во туѓа држава да се коваат планови за иднината на Македонија.
Ново на Сител
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина
-
Маж уценувал и барал пари од вработен во адвокатска канцеларија
-
Кривична за гостиварец кој го нападнал својот татко
-
ЕУ апелира на воздржување од провокативна реторика и активности по вчерашната пресуда за Додик