Loading Video...
Кошарка
21. March 2020 - 18:18

Во НБА размислуваат клубовите да не исплаќаат плати на играчите

Големите финансиски загуби кои ги трпи најсилната светска кошаркарска лига, ќе го принуди раководството на НБА да им дозволи на клубовите кратење или не исплаќање на обврските кон играчите, објави Адријан Вознаровски, кој важи за еден од најдобро информираните новинари во оваа лига. 

Според него. Откако од 11 март лигата беше прекината на 30 дена (до 11 април), се чини дека тоа нема да биде доволно, односно дека и по овој период услови за играње кошарка ќе нема. 

Затоа од лигата планираат, прво клубовите да ги исплатат мартовските плати на играчите заклучно со 1 април, а потоа ќе им дозволат на клубовите да предложат намалување на платите, но доколку кризата продолжи, тогаш би можеле и целосно да бидат скратени.