Свет
25. April 2018 - 12:56

Во НАТО утре средба Столтенберг - Коѕијас

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас утре ќе остварат средба во седиштето на Алијансата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми Столтенберг и Коѕијас ќе разговараат за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, за грчко-турските односи и двајцата грчки војници што се наоѓаат во турски затвор.