Балкан
27. March 2018 - 9:10

Во напуштена зграда во Грција пронајдени тела на двајца мигранти

Во напуштена зграда во предградието на Александропулос, град во североисточна Грција, пронајдени се телата на двајца мажи за кои се верува дека се мигранти, соопшти полицијата.

Зградата во која се пронајдени телата вообичаено ја користат мигранти откако ќе ја преминат границата со Турција.

Паталогот Павлос Павлидис изјави дека пронајдените тела се на мажи на возраст од околу 35 години и оти тие биле мртви еден месец.

Аутопсијата и истрагата на терен укажуваат дека тие, најверојатно, биле убиени во тепачка. На телото имале повреди од убоди од нож, шишиња, а биле удирани и со столици.